свет

Генералниот секретар на ОН: „Ќе ги поканам заинтересираните страни на состанок за кипарското прашање што поскоро“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Гутереш, најави дека ќе ги покани засегнатите страни за кипарското прашање на неформален состанок што е можно поскоро

Gamze Türkoğlu Oğuz   | 20.01.2021
Генералниот секретар на ОН: „Ќе ги поканам заинтересираните страни на состанок за кипарското прашање што поскоро“ Фото: Tayfun Coşkun/AA

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ООН), Антонио Гутереш, во извештајот до Советот за безбедност на ОН рече дека „времето работи против заемно прифатливото политичко решение за Кипар“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Гутереш изјави дека сака, покрај кипарските лидери Ерсин Татар и Никос Анастасијадис, на неформален состанок да ги покани и земјите гаранти во најпогодно време.

По долгогодишната статус кво состојба на Кипар, Гутереш рече дека „доколку двете заедници не се посветат на решавање на нивните разлики мирно, претпазливо и одлучно, можно е настанатите промени да се неповратни“, и додаде дека средбата што ќе се одржи со кипарските лидери и земјите гаранти треба да помогне во разјаснување на „вистинскиот опсег“ на заедничката визија и „да ги истакне потребните чекори за напредок“.

- Дујариќ: „Сè уште не можам да дадам датум“ -

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дујариќ, во изјавата за новинарите рече дека сè уште не може да даде датум за споменатата средба.

Во меѓувреме, Елизабет Спехар, специјалната претставничка на генералниот секретар на ОН за Кипар, го извести Советот за безбедност на ОН за последните случувања на островот.

На Советот дипломатите широко го поддржале планот на Гутереш за неформален состанок.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Ерсин Татар, по состанокот во Претседателството со шефовите на политичките партии претставени во Собранието на Републиката изјави дека нивниот став за дводржавно решение за кипарското прашање, исто така, се наоѓа и на агендата на кипарските Грци, го истакна следното: „На добар пат сме, гледаме дека е дојдено до една значајна фаза за заштитата на правата и интересите на кипарските Турци“.

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, информираше дека Атина и администрацијата на кипарските Грци се „подготвени“ на предлогот даден од Гутереш за неофицијална 5-члена конференција за кипарското прашање.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın