свет

Генералниот правобранител на ЕУ: „Било која земја членка може да го тужи Фејсбук"

Правобранителот на Судот на правдата на ЕУ наведе дека сите земји членки можат да покренат постапки поради кршење на законите за заштита на приватните податоци

Ekip  | 13.01.2021 - Обновена : 14.01.2021
Генералниот правобранител на ЕУ: „Било која земја членка може да го тужи Фејсбук"

БРИСЕЛ

Надлежните за заштита на податоците во сите земји на Европската унија можат да покренат постапки поради кршење на правилата за приватните податоци против Фејсбук, иако станува збор за компанија со седиште во Ирска, оцени денеска генералниот правобранител на Судот на правдата на ЕУ, Мишал Бобек, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во случајот на Фејсбук, надлежното тело за заштита на податоците во Ирска е на прво место одговорно за спроведувањето на процедурите поради кршење на законите на ЕУ за заштита за податоците, наведено е во мислењето на Бобек.

Меѓутоа, правните наоди покажаа и дека „водечкото тело за заштита на податоците не може да биде сметано како единствен извршител на Општиот закон за заштита на податоците во прекуграничните ситуации и дека мора одблиску да соработува со сите останати органи за заштита на податоците на кои тоа се однесува".

Тоа значи дека било кој орган надлежен за заштита на податоците во земјите на ЕУ може да покрене постапка против Фејсбук или било која друга компанија поради непочитување на Општиот закон.

Белгија во 2015 година покрена постапка против Фејсбук поради примена на „авторизирани колачиња" на профилите на белгиските корисници.

Со оглед дека седиштето на таа компанија е во Ирска, Фејсбук соопшти дека тоа е единствен надлежен орган кој може да коментира таква жалба. Генералниот правобранител го одби таквото мислење.

Советите на генералниот правобранител не се правно-обврзувачки за Судот на ЕУ, но тие се усвојуваат во поголемо мнозинство случаи.

Доколку бидат усвоени, надлежните ќе можат да покренат постапки против платформите на социјалните мрежи ширум ЕУ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın