свет

Газа: Драматични снимки од разорувањето предизвикано од израелските напади врз Кан Јунис

На снимките се гледа дека речиси сите згради и инфраструктура се целосно уништени од Израел на улицата Џалал, Плоштадот на џамијата Ал-Сунна и околу раскрсницата Абу Хамид

Elena Trenchevska Chekovic  | 20.10.2025 - Обновена : 20.10.2025
Газа: Драматични снимки од разорувањето предизвикано од израелските напади врз Кан Јунис Фото: Muhammed Eslayeh/AA

СКОПЈЕ (АА) - Драматични снимки од дрон го открија големиот степен на уништување предизвикано од израелските напади во јужниот град Кан Јунис во Појасот Газа, по прекинот на огнот, јавува Анадолу.

На снимките се гледа дека речиси сите згради и инфраструктура се целосно уништени од Израел на улицата Џалал, Плоштадот на џамијата Ал-Сунна и околу раскрсницата Абу Хамид.

На 29 септември, Трамп јавно го презентираше мировниот план од 20 точки за Газа кој вклучуваше итен прекин на огнот и постепено ослободување на заложниците и затворениците.

Израел и палестинската група Хамас се согласија со првата фаза од договорот, со формално негово потпишување на 9 октомври. Договорот беше постигнат со помош на медијатори од САД, Катар, Египет и Турција. Прекинот на огнот стапи на сила на 10 октомври.

Од октомври 2023 година, во геноцидната војна на Израел во Газа убиени се повеќе од 68.000 Палестинци, а над 170.000 се повредени, според Министерството за здравство на Газа.

Израелската војска уби десетици Палестинци во новите напади вчера откако го обвини Хамас за кршење на прекинот на огнот, што групата го негираше.

Трамп изјави дека прекинот на огнот во Газа е сè уште на сила.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.