свет

Вулканот Етна во Италија повторно еруптира, исфрлајќи пепел и лава

Ерупцијата започна во југоисточниот кратер, кој се наоѓа на надморска височина од 2.900 метри

Elena Trenchevska Chekovic  | 13.05.2025 - Обновена : 14.05.2025
Вулканот Етна во Италија повторно еруптира, исфрлајќи пепел и лава Фото: Salvatore Allegra/АА

СКОПЈЕ (AA) - Етна, највисокиот активен вулкан во Европа, синоќа повторно еруптираше исфрлајќи пепел и лава над Сицилија во својата најнова вулканска активност, пренесува Анадолу.

Ерупцијата започна во југоисточниот кратер, кој се наоѓа на надморска височина од 2.900 метри, јави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV).

Локалните медиуми објавија дека пепелта од ерупцијата паднала врз неколку блиски населени места, особено во гратчето Заферана Етнеа. Облакот од пепел се проширил главно кон исток и југоисток.

И покрај ерупцијата, аеродромот во Катанија, во близина на вулканот, не прекина со работата, и летовите продолжија според распоредот.

Етна, со надморска височина од околу 3.300 метри, е највисокиот активен вулкан во континентална Европа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.