Во Јужна Кореја продолжуваат екстремните горештини од кои досега починаа 13 лица
Државната метеоролошка агенција соопшти дека се очекува топлотниoт бран што ја зафати земјата да се интензивира наредните денови

СКОПЈЕ (АА) - Јужна Кореја пријави 13 смртни случаи поради заболувања поврзани со високите температури досега годинава, а земјата и понатаму се бори со екстремниот топлотен бран, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Болниците примиле вкупно 2.768 пациенти што страдаат од состојби поврзани со екстремните горештини од средината на мај, кога властите го започнаа системот за надзор на болести поврзани со високите температури, објави „Јонхап њуз“.
Бројот на пациенти во споредба со овој период минатата година се зголеми за околу 2,6 пати, а бројот на смртни случаи за повеќе од три до четири пати, според Корејската агенција за контрола и превенција на болести (KDCA).
Исцрпеноста поради високите температури, попозната како сончев удар, е најчеста меѓу здравствените состојби поврзани со температурите, со 60,4%.
Други состојби се топлотен удар со 16,6%, топлотни грчеви со 13,5% и топлотна синкопа со 8%.
Поголем дел од земјата моментно е под предупредување за топлотен бран, при што се предвидува дека температурите ќе достигнат 38 Целзиусови степени во централниот град Даеџон и 36 Целзиусови степени во Сеул и југоисточниот град Даегу.
Државната метеоролошка агенција соопшти дека се очекува топлотниoт бран што ја зафати земјата да се интензивира наредните денови.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.