свет

Во Јоханесбург започна Самитот на лидерите на Г20

Агендата вклучува дискусии за внатрешната соработка и стратешката насока на блокот, додека лидерите треба да одржат серија билатерални состаноци на маргините на дводневниот собир

Mevlüt Özkan  | 22.11.2025 - Обновена : 22.11.2025
Во Јоханесбург започна Самитот на лидерите на Г20

ИСТАНБУЛ (АА) - Самитот на лидерите на Г20 започна денес во Јоханесбург, Јужноафриканската Република, а претседателот Сирил Рамафоса го одржа првото обраќање пред делегатите кои се собраа на дводневни разговори, јавува Анадолу.

Во согласност со темата на Г20 - „солидарност, еднаквост и одржливост“, се очекува првиот самит на Г20 што некогаш се одржал на африканскиот континент под претседателство на Преторија да се фокусира на олеснување на долгот за земјите со ниски приходи, што е главна пречка за инклузивен раст низ целиот свет во развој.

Лидерите, исто така, ќе се осврнат на климатската адаптација и преминот кон чиста енергија, меѓу останатите приоритети.

Агендата вклучува дискусии за внатрешната соработка и стратешката насока на блокот, додека лидерите треба да одржат серија билатерални состаноци на маргините на дводневниот собир.

Министерот за надворешни работи на Јужноафриканската Републиа, Роналд Ламола, изјави дека оваа недела се очекува 42 земји да учествуваат на историскиот самит на Г20 во земјата.

САД, членка основач на Г20, го бојкотираше овогодинешниот самит.

Претходно овој месец, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека нема да испрати американски претставник во Јоханесбург на состанокот, обвинувајќи ја Јужноафриканската Република за „злоупотреба на човековите права“ против белото африканско население - тврдења што владата на Јужноафриканската Република континуирано ги отфрла како неосновани.

Оваа година, односите меѓу Вашингтон и Преторија се на најниско ниво поради несогласувања и за надворешната и за домашната политика.

Основана во 1999 година, Г20 се состои од 19 земји и две регионални тела - ЕУ и Африканската унија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.