Во Хонгконг потрага по 31 лице кое сè уште се исчезнати по најсмртоносниот пожар во градот во последните децении
- Независен комитет предводен од судија ќе го истражува смртоносниот пожар. Изборите за Законодавниот совет ќе се одржат според закажаното во недела
ИСТАНБУЛ (АА) - Тимовите за пребарување на Хонгконг денес продолжија да бараат 31 лице кое сè уште се водат како исчезнати по пожарот кој зафати станбен комплекс и одзеде 159 животи, известува Анадолу.
Во пожарот се повредени 79 лица, вклучувајќи 12 пожарникари, објави „Саут Чајна Морнинг Пост“.
Независен комитет предводен од судија ќе спроведе истрага за смртоносниот пожар.
Главниот извршен директор Џон Ли Ка-чиу изјави дека изборите за Законодавниот совет ќе се одржат во недела како што е закажано, и покрај претходните шпекулации дека би можеле да бидат одложени поради пожарот.
Хонгконг го доживеа најстрашниот пожар во последните децении минатата недела во областа Ванг Фук Корт во Таи По, кој траеше 43 часа, зафаќајќи седум станбени блокови, со повеќе од 1.900 станови.
Властите во Хонгконг соопштија дека лесно запаливиот стиропор и нестандардната мрежа предизвикале брзо ширење на пожарот.
Властите им наредија на 300 згради во Хонгконг да ја отстранат мрежата од скелињата до сабота.
Комплексот згради што беше зафатен од пожарот се состои од 8 кули со проценето население од над 4.000 лица.
Досега, властите приведоа 21 лице, вклучувајќи го главниот изведувач, инженерски консултант и подизведувач од компанијата за скелиња.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
