Serdar Dincel
09 Март 2026•Ажурирај: 10 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Националниот центар за комуникации на Бахреин соопшти дека избувнал пожар по иранскиот напад чија цел бил објект во подрачјето на Маамер, јужно од главниот град Манама, пренесуваат бахреинските медиуми денес, пренесува Анадолу.
Повикувајќи се на центарот, Новинската агенција на Бахреин објави дека пожарот предизвикал материјална штета, но нема повредени и загинати, додавајќи дека надлежните органи спроведуваат операции за гаснење на огнот.
Маамер, село во Бахреин, е познато по индустриската зона во која се наоѓа рафинеријата на нафтената компанија Бахреин, како и голем број фабрики и производствени единици.
Регионалните тензии ескалираа по 28 февруари кога САД и Израел извршија заеднички напади врз Иран во кој се убиени повеќе од 1.200 луѓе, меѓу кои и врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел и земјите од Заливот, каде што се наоѓаат американски воени бази.