свет

Во самоубиствен бомбашки напад во сомалискиот главен град загинаа најмалку 11 лица

Нападот во касарната Дамањо на сомалиската армија во округот Ходан ги таргетираше воените регрути кои се редеа пред зградата

Mohamed Dhaysane  | 18.05.2025 - Обновена : 18.05.2025
Во самоубиствен бомбашки напад во сомалискиот главен град загинаа најмалку 11 лица

МОГАДИШУ (АА) - Најмалку 11 лица загинаа, а 20 се повредени денес откако бомбаш самоубиец се разнесе пред воен камп во сомалискиот главен град Могадишу, изјави официјален претставник, јавува Анадолу.

Нападот во касарната Дамањо на сомалиската армија во округот Ходан ги таргетираше воените регрути кои се редеа пред зградата.

Службеник за безбедност во блискиот округ Варта Набада, кој говореше под услов на анонимност, за Анадолу изјави дека меѓу убиените во бомбардирањето се двајца цивили и регрути. Тој рече дека ранетите се префрлени во болниците.

Терористичката организација Ал-Шабаб, поврзана со Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот.

Ал-Шабаб се бори против сомалиската влада повеќе од 16 години и често извршува напади врз владини претставници и воен персонал.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.