свет

Во Русија приведени лица кои маршираа за поддршка на опозицискиот новинар Голунов

Покрај рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, приведени се и новинари на „Ројтерс“, „Дер Шпигел“ и на други опозициски медиуми

Ali Cura   | 12.06.2019
Во Русија приведени лица кои маршираа за поддршка на опозицискиот новинар Голунов Фото: Sefa Karacan/АА

МОСКВА (АА) – Во рускиот главен град полицијата приведе десетици лица, вклучувајќи и новинари, кои без дозвола протестираа за поддршка на опозицискиот новинар Иван Голунов, којшто прво беше приведен, а потоа ослободен, пренесува Anadolu Agency (AA).

Полицијата во Москва интервенираше врз демонстрантите кои сакаа да маршираат од метро-станицата „Чистие Пруди“ до зградата на Министерството за внатрешни работи, во знак на поддршка на опозицискиот руски новинар. 

Соопштено е дека покрај рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, приведени се и новинари на „Ројтерс“, „Дер Шпигел“ како и на други опозициски медиуми

Поддржувачите на новинарот Голунов продолжуваат со демонстрации во близина на зградата на Министерството за внатрешни работи, каде што се преземени големи безбедносни мерки. 

Според локалните медиуми, полицијата за време на интервенцијата привела над 200 лица. 

Новинарот Иван Голунов, кој работи за порталот „Медуза“, познат по своите опозициски статии, минатата недела беше уапсен поради обвиненија за поседување и продажба на дрога. 

Голунов беше ослободен откако не можеше да се докаже дека продава дрога. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın