свет

Во последните 24 часа регистрирани 185 вулкански земјотреси на вулканот Тал на Филипините

Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека во последните 24 часа се случиле 185 вулкански земјотреси, а нивото на предупредување за вулканот Тал остана на 3

Sümeyye Dilara Dinçer  | 12.07.2021 - Обновена : 13.07.2021
Во последните 24 часа регистрирани 185 вулкански земјотреси на вулканот Тал на Филипините

АНКАРА (АА) - 185 вулкански земјотреси се случија во еден ден на вулканот Тал, јужно од главниот град на Филипините, Манила, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите што ги објавија локалните медиуми, филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека во последните 24 часа се случиле 185 вулкански земјотреси, а нивото на предупредување за вулканот Тал остана на 3.

По регистрираната активност на вулканот Тал на 1 јули, предупредувањето е зголемено на Ниво 3, а започна евакуацијата на илјадници луѓе.

- Евакуирани над 82.000 луѓе од безбедносни причини -

Кога вулканот Тал еруптира во 1965 година, животот го загубија повеќе од 200 луѓе кои живееле во оваа област.

По ерупцијата на вулканот на 12 јануари, пепелта и чадот се протегаа до главниот град Манила, оддалечен 56 километри.

По ерупцијата, Филипинскиот институт за вулкани и земјотресни науки го зголеми нивото на вонредна состојба во регионот на четврто ниво, што укажува на „опасност од ерупција на лава“. Евакуирани се повеќе од 82.000 луѓе од населените места на островот, како и во населбите околу езерото, од безбедносни причини.

Тал, најмалиот вулкан на светот, е еден од 24-те активни вулкани на Филипините.

Филипините се наоѓаат во таканаречениот „Огнен појас“ во Пацификот, во кој земјотресите и вулканските ерупции се честа појава.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın