Во пожар што избувна во куќа во Јордан изгореа 13 Пакистанци
- Пожарот избувнал во куќа изградена како засолниште од лим на земјоделска површина, а во објектот живееле две семејства. Три лица се повредени

АМАН
Во пожар што избувна во куќа во подрачјето на Ел Кераме, во западниот дел на Јордан, животот го загубија 13 Пакистанци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави Јорданската државна телевизија, во утринските часови противпожарните екипи го гаснеле пожарот што избувнал во куќа во западниот дел на Јодан, во градот Еш Шуна ел Џенубије, сместен во подрачјето на Ел Кераме во провинцијата Балка.
Пожарот избувнал во куќа изградена како засолниште од лим на земјоделска површина, а во објектот живееле две семејства. Во пожарот животот го загубиле 13 лица со пакистанско потекло, а тројца се повредени.
Релевантните органи соопштија дека е формиран комитет кој ќе ги истражи причините поради кои избувнал пожарот.
Од 1970 година, пакистанските државјани доаѓаат во Јорданската Долина да работат на земјоделските површини.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.