Во Пакистан се урна патнички авион со повеќе од 90 патници и членови на екипажот
- Локалните официјални претставници и медиуми јавуваат дека авион на компанијата „Пакистан ерлајнс“ се срушил во населено место во близина на аеродромот во Карачи

КАРАЧИ
Патнички авион со повеќе од 90 патници и членови на екипажот се сруши денеска во пристанишниот пакистански град Карачи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните официјални претставници и медиуми јавуваат дека авион на компанијата „Пакистан ерлајнс“ се срушил во населено место во близина на аеродромот во Карачи.
Несреќата се случила за време на слетувањето на авионот на аеродромот, а досега нема информации за жртвите од авионската несреќа на јужниот дел на Пакистан.
Локалната медиумска куќа „Гео њуз“ (Geo News) објави снимка на која се гледа како над остатокот на авионот се дига густ облак од чад, а на местото на несреќата изгореле и повеќе возила.
Истиот извор јавува дека при падот на авионот се оштетени повеќе станбени објекти.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.