свет

Во израелски напад уништена зграда во градот Газа

Израел ја продолжува својата офанзива врз Газа, во која од октомври 2023 година убиени се над 64.700 Палестинци

Elena Trenchevska Chekovic  | 13.09.2025 - Обновена : 13.09.2025
Во израелски напад уништена зграда во градот Газа Фото: Ali Jadallah/AA

СКОПЈЕ (АА) - Израел изврши воздушен напад врз зграда во населбата Ал-Наср во градот Газа, уништувајќи ја, јавува Анадолу.

На снимките од местото се гледаат Палестинците како бегаат панично по експлозијата и степенот на деструкција во околината.

Израел ја продолжува својата офанзива врз Газа, во која од октомври 2023 година убиени се над 64.700 Палестинци, раселени се стотици илјади и предизвикан е глад кој одзеде најмалку 411 животи, од кои 142 деца.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın