свет

Во израелски напад врз лица кои чекале помош во Газа убиени 21 Палестинец

- Израелската армија продолжува со систематските напади врз Палестинците кои чекаат помош пред дистрибутивните места основани од Фондацијата за хуманитарна помош за Газа предводена од Израел и САД, под маската на хуманитарна помош.

Mohamed Majed, Çağrı Koşak  | 12.07.2025 - Обновена : 13.07.2025
Во израелски напад врз лица кои чекале помош во Газа убиени 21 Палестинец

ГАЗА (АА) - Дваесет и еден Палестинец се убиени, а 50 се повредени во напад на израелската армија врз лица кои чекале помош во Појасот Газа, известува Анадолу.

Според болнички извори, израелските војници пукале врз Палестинците кои чекале хуманитарна помош во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Од истрелите на израелските војници убиени се 21 Палестинец, а 50 се повредени.

Израелската армија продолжува со систематските напади врз Палестинците кои чекаат помош пред дистрибутивните места основани од Фондацијата за хуманитарна помош за Газа предводена од Израел и САД, под маската на хуманитарна помош.

Со последните жртви, бројот на убиени Палестинци кои чекале помош на овие локалитети од истрелите на израелските војници од 27 мај досега се зголеми на 809, а бројот на повредени достигна 5.249.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.