Во израелските напади убиени 5 Палестинци на Газа, од кои 2 деца, по заканата на Нетанјаху
- Нападите се случија кратко откако Нетанјаху се закани дека ќе реагира соодветно по судирите меѓу армиските сили и палестинските борци во Рафа
ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) - Петмина Палестинци се убиени во израелските напади врз јужниот дел на Појасот Газа оваа вечер, што е ново кршење на договорот за прекин на огнот, изјавија медицински извори за Анадолу.
Две деца беа меѓу жртвите во нападите врз шаторите во кои биле засолнети раселените цивили во Хан Јунис, информираа изворите.
Нападите се случија кратко откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани дека ќе реагира соодветно на повредите на војниците во судирите со палестинските борци во Рафа.
