свет

Во Авганистан убиен лидерот на Ал Каеда на индискиот потконтинент

Умар е убиен со уште шест терористи во кампот во Хелманд во кој се обучуваат терористите на Ал Каеда и талибанските милитантски групи

Sayed Khodaberdi Sadat  | 09.10.2019 - Обновена : 10.10.2019
Во Авганистан убиен лидерот на Ал Каеда на индискиот потконтинент

КАБУЛ (АА) - Кабинетот за национална безбедност на Авганистан соопшти дека во јужниот дел на земјата е убиен Асим Умар, еден од лидерите на терористичката организација Ал Каеда, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението се наведува дека Умар е убиен со уште шест терористи во кампот во Хелманд во кој се обучуваат терористите на Ал Каеда и талибанските милитантски групи.

Асим Умар беше лидер на огранокот на Ал Каеда на индискиот потконтинент.

Терористите на Ал Каеда досега не ги коментираа наводите од Кабул.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın