свет

Вооружен напад во Мексико: 11 загинати, 2 ранети

- Во западниот дел на Мексико извршен е вооружен напад во кој животот го загубија 11 лица, а 2 лица се ранети,

Emel Gözellik   | 28.02.2021
Вооружен напад во Мексико: 11 загинати, 2 ранети

МЕКСИКО 

Во западниот дел на Мексико извршен е вооружен напад во кој животот го загубија 11 лица, а 2 лица се ранети, известува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението што го објави Обвинителството, во мексиканската држава Халиско неидентификувани вооружени лица извршиле напад, упаѓајќи во една куќа.

Обвинителството информираше дека пред куќата и во неа се пронајдени 11 безживотни тела, а покрај тоа, во куќата имало двајца ранети.

Ранетите се префрлени во болница.

Во градот Запопан во мексиканската држава Халиско, на 13 февруари беа пронајдени 18 торби со човечки остатоци.

Наркокартелот „Нова генерација Халиско“, кој делува во мексиканската држава Халиско, е познат како една од најмоќните групи во регионот.

Во 2006 година во Мексико е започната војна против наркокартелите која сè уште трае. Во насилствата што ги предизвика оваа војна досега животот го загубија повеќе од 300.000 лица. Во исто време повеќе од 340.000 Мексиканци се раселија, а околу 40.000 лица се водат како исчезнати.

Во градот Ел Салто, кој потпаѓа под државата Халиско, минатата година беа откриени 189 тела.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın