свет

Виетнам ја одбележува 50-годишнината од завршувањето на војната со воена парада

Илјадници граѓани се собраа покрај улиците, веејќи национални знамиња, додека воените единици маршираа во строј, оддавајќи почит на историската победа која доведе до обединување на Северен и Јужен Виетнам

Aida Cako  | 30.04.2025 - Обновена : 30.04.2025
Виетнам ја одбележува 50-годишнината од завршувањето на војната со воена парада

Macedonia

СКОПЈЕ (АА) - Во јужниот виетнамски град Хо Ши Мин - поранешен Сајгон, денес се одржа воена парада по повод 50-годишнината од завршувањето на Виетнамската војна и обединувањето на земјата, јавува Анадолу.

Илјадници граѓани се собраа покрај улиците, веејќи национални знамиња, додека воените единици маршираа во строј, оддавајќи почит на историската победа која доведе до обединување на Северен и Јужен Виетнам во 1976 година.

Прославата беше исполнета со чувство на национална гордост и сеќавање, потенцирајќи го патот на Виетнам од војна кон мир и развој.

Виетнамската војна (1955–1975) беше голем конфликт во рамките на Студената војна, помеѓу комунистичкиот Северен Виетнам и Јужен Виетнам, поддржан од САД.

Војната заврши во 1975 година кога северновиетнамските сили го зазедоа Сајгон, што го отвори патот за обединување под комунистичкото владеење како Социјалистичка Република Виетнам.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.