свет

Бурата Ченесо одзеде три животи на Мадагаскар

- Од бурата се погодени 13.180 лице, додека 4.000 куќи и земјиште од 600 хектари останале под вода.

Fatma Esma Arslan  | 23.01.2023 - Обновена : 25.01.2023
Бурата Ченесо одзеде три животи на Мадагаскар Фото: Архива / АА

ДАКАР (АА) - Три лица загинаа од невремето што го предизвика бурата Ченесо на Мадагаскар, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата со соопштение ја потвди Националната служба за управување со ризици и катастрофи на Мадагаскар.

Во соопштението се наведува дека 13.180 лица се погодени од бурата, додека 4.000 куќи и земјиште од 600 хектари останале под вода.

Бурата Ченесо е причина за смртта на 3 лица, додека 80 училишта се вон употреба поради поплавите.

Инаку, сезоната на дождови, која штотуку започна на Мадагаскар, ќе продолжи до април.

Минатата година Мадагаскар беше погоден од 3 тропски бури и 2 урагани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın