свет

Бугарија ќе добие 6,5 милијарди евра од ЕУ до 2026 година

По очекуваното конечно одобрување на планот, Бугарија ќе добие финансирање од ЕУ од вкупно 6,5 милијарди евра, кои ќе ги префрли на различни проекти до 2026 година

Ihvan Radoykov  | 07.04.2022 - Обновена : 07.04.2022
Бугарија ќе добие 6,5 милијарди евра од ЕУ до 2026 година

СОФИЈА (АА) - Европската комисија даде зелено светло за планот за развој и одржливост на Бугарија, кој беше поднесен за добивање финансии од Европската Унија (ЕУ), јавува Агенција Анадолија (АА).

По очекуваното конечно одобрување на планот, Бугарија ќе добие финансирање од ЕУ од вкупно 6,5 милијарди евра, кои ќе ги префрли на различни проекти до 2026 година.

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков и Урсула Фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија (ЕК), по нивната средба во Бугарија одржаа заедничка прес-конференција.

„Нашите главни приоритети ќе бидат „Зелениот договор“, дигитализацијата и инвестициите во областа на чиста енергија. Планот за развој и одржливост подготвен и презентиран од Бугарија е многу успешен“, рече Фон дер Лајен.

Таа, наведувајќи дека 60 отсто од проектите што Бугарија ќе ги добие во планот се за еколошката зелена енергија, рече: „Ограничување на отпадот на јаглерод диоксид врз основа на законски прописи, воспоставување капацитети за складирање енергија и инвестирање во мрежи на паметни системи.“

Фон дер Лајен, исто така ја изрази својата благодарност за поддршката на Бугарија за мигрантите од Украина.

Нагласувајќи дека Бугарија треба да направи реформи во Државната антикорупциска комисија, Фон дер Лајен рече: „Очекуваме конкретни реформи од секоја држава.“

- „Планот ги поттикнува реформите што треба да ги направи Бугарија“ -

Премиерот Кирил Петков рече дека бугарскиот план за развој и одржливост е важен чекор кон независноста на земјата од Русија во областа на енергетиката.

Посочувајќи дека Бугарија го очекува своето прво финансирање на крајот на летниот период, Петков рече: „Овој план ги поттикнува реформите што Бугарија веќе треба да ги преземе.“

Според планот што бугарската Влада го достави до Европската комисија на почетокот на годината, до 2026 година ќе бидат реализирани 57 инвестиции вредни 6,5 милијарди евра во 12 различни области, а исто така, ќе бидат реализирани 12 реформски пакети.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.