свет

Американскa пратеничка: Израел „нелегално ги киднапира“ активистите на хуманитарната флотила

„Мора да бараме нивно итно ослободување и нивна заштита од злоупотреба и тортура во израелскиот притвор. Да се ​​стави крај на опсадата и геноцидот врз Газа сега“

Michael Gabriel Hernandez  | 03.10.2025 - Обновена : 06.10.2025
Американскa пратеничка: Израел „нелегално ги киднапира“ активистите на хуманитарната флотила

ВАШИНГТОН (АА) - Истакната американска пратеничка денес остро го критикуваше Израел за притворањето на стотици активисти, вклучително американски граѓани, кои се обидоа да достават помош во опколениот Појас Газа, велејќи дека постапките на Израел се нелегални, пренесува Анадолу.

„Израелската Влада нелегално киднапираше над 450 учесници од Глобалната флотила 'Сумуд', вклучително и речиси дваесетина американски граѓани“, истакна демокатската претставничка Рашида Тлаиб преку американската компанија за социјални медиуми X.

„Мора да бараме нивно итно ослободување и нивна заштита од злоупотреба и тортура во израелскиот притвор. Да се ​​стави крај на опсадата и геноцидот врз Газа сега“, додаде таа.

Според најновите бројки од Меѓународниот комитет за пробивање на опсадата на Газа, еден од главните организатори на Глобалната флотила „Сумуд“, Израел нападнал и запленил 42 брода од флотилата.

Ова е првпат десетици бродови да пловат заедно кон Газа, носејќи 532 цивили - активисти од повеќе од 45 земји.

Израел ја држи Газа под блокада речиси 18 години. Речиси 1,5 милиони Палестинци во енклавата, од население од приближно 2,4 милиони, се без покрив над главата поради големото раселување предизвикано од нападите на Израел низ палестинската територија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.