свет

Американскиот Стејт Департмент ја одобри продажбата на авионите Ф-16 на Република Туркије

- Одобрувањето на продажбата следеше откако Туркије ја ратификуваше одлуката за прием на Шведска во НАТО

Rabia İclal Turan  | 27.01.2024 - Обновена : 30.01.2024
Американскиот Стејт Департмент ја одобри продажбата на авионите Ф-16 на Република Туркије

ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за надворешни работи на САД вчера ја одобри продажбата на борбените авиони Ф-16 и комплетот за модернизација на овие авиони за Република Туркије во вредност од 23 милијарди долари, и за тоа формално го извести американскиот Конгрес, известува Анадолу.

Одобрувањето на продажбата следеше откако Туркије ги предаде документите во врска со протоколот за членство на Шведска во НАТО, по ратификувањето од страна на турскиот парламент во вторникот.

Туркије во октомври 2021 година упати барање до САД за купување на најновата верзија на авионот F-16 Block 70, како и 79 комплети за модернизација и надградба на авионите што веќе ги има во својата флота.

Стејт Департментот и во јануари минатата година неформално го извести Конгресот за продажбата на борбените авиони F-16 на Република Туркије, но пратениците во Капитол Хил го условуваа тој договор со турското одобрување на приемот на Шведска во НАТО.

Конгресот има право да вложи приговор на одлуката на Стејт Департментот во рок од 15 работни дена.

Претседавачот со Комитетот за надворешни работи во Сенатот, Бен Кардин, изјави дека ќе биде дозволена продажбата откако Анкара го ратификувала одобрението за прием на Шведска во НАТО.

Сенаторот Џим Риш, високо рангиран член на Комитетот за надворешни работи, изјави кон крајот на октомври дека ќе се откаже од приговорот за продажба откако претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган дал зелено светло за приемот на Шведска во НАТО.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın