свет

Американскиот претставник Џефри ја уверува ЈПГ/ПКК дека Турција повеќе нема да организира операција во регионот

Специјалниот претставник на САД за Сирија на средбата со водачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК и со претставниците на Курдскиот национален совет (ENKS) истакнал дека Турција во регионот повеќе нема да спроведува операција

Ethem Emre Özcan, Mohamad Misto  | 22.09.2020 - Обновена : 23.09.2020
Американскиот претставник Џефри ја уверува ЈПГ/ПКК дека Турција повеќе нема да организира операција во регионот

ХАСЕКЕ/АНКАРА (АА) - МОХАМАД МИСТО / ЕТЕМ ЕМРЕ ОЗЏАН - Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија, Џејмс Џефри, на средбата со водачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК и со претставниците на Курдскиот национален совет (ENKS) истакнал дека Турција во регионот повеќе нема да организира операција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите добиени од локални извори, Џефри вчера во Хасеке и Деир ез-Зор во Сирија се состанал со водачите на ЈПГ/ПКК и со претставниците на Курдскиот национален совет (ENKS) .

Во разговорите во Хасеке, Џефри од претставниците на ЈПГ/ПКК побарал веднаш да постигнат договор и дал уверување дека Турција во регионот нема да организира нова операција против терористичките организации.

Тој, исто така, се состанал со таканаречениот воен совет и членовите на локалниот совет на ЈПГ/ПКК во Деир ез-Зор.

За време на состанокот, нагласувајќи ја важноста на спокојството во регионот, американскиот претставник Џефри истакнал дека треба да им се обезбедат услуги на населението од регионот.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.