Американската крајбрежна стража се качи на петтиот танкер во акцијата за спречување на испораките на венецуелска нафта
Се очекува овој потег да ги зголеми тензиите меѓу Вашингтон и Москва, а доаѓа само по неколку дена откако САД запленија брод кој побара руска заштита и беше под придружба на руската морнарица
ИСТАНБУЛ (АА) - Американската крајбрежна стража се качи на петти танкер за нафта рано утринава, додека Вашингтон ги интензивираше напорите за спроведување санкции врз испораките на венецуелска нафта, според „Волстрит џурнал“, пренесува Анадолу.
Во веста се вели дека танкерот, идентификуван како „Олина“ и претходно именуван како „Минерва М“, претходно бил санкциониран од САД за транспорт на руска нафта.
Се очекува овој потег да ги зголеми тензиите меѓу Вашингтон и Москва, а доаѓа само по неколку дена откако САД запленија брод кој побара руска заштита и беше под придружба на руската морнарица.
Администрацијата на Трамп ги користи запленувањата како алатка за притисок врз привремената влада на Венецуела и за ставање настрана на таканаречената темна флота танкери. Исто така позната како флота во сенка, таа се состои од околу 1.000 бродови кои користат измамнички практики за да ја сокријат својата вмешаност во транспортот на санкционирана и нелегална нафта.
Речиси 70 % од извозот на нафта на Венецуела зависи од санкционираните бродови за да се заобиколат американските ограничувања, а акциите имаат за цел и да извршат притисок врз Каракас и да ги предупредат Русија, Кина и Иран да не ги игнорирааат американските санкции или да не се здружат со Венецуела.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
