свет

Амал Клуни ги повика Ирак и ОН да отворат истрага за злосторствата на ДЕАШ

Адвокатката која се занимава со заштита на човековите права, Амал Клуни, ги повика Ирак и останатите земји да не ѝ дозволат на терористичката организација ДЕАШ да се извлече од вината за сторениот геноцид

Ekip  | 10.03.2017 - Обновена : 11.03.2017
Амал Клуни ги повика Ирак и ОН да отворат истрага за злосторствата на ДЕАШ

United States

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Адвокатката која се занимава со заштита на човековите права, Амал Клуни, ги повика Ирак и останатите земји да не ѝ дозволат на терористичката организација ДЕАШ да се извлече од вината за сторениот геноцид, јавува Anadolu Agency (AA).

Амал Клуни, сопругата на актерот Џорџ Клуни, која е правен застапник на жртвите силувани и киднапирани од страна на припадниците на ДЕАШ, на состанокот на ОН изјави дека не е шокантна само бруталноста на терористите, туку и пасивниот одговор на земјите во светот на кампањата со која се бара да се спроведе истрага за злосторствата на ДЕАШ и сторителите да се изведат пред лицето на правдата.

Таа го повика ирачкиот премиер Хајдар ал Абади да прати исписмо до Советот за безбедност на ОН, за да се закаже гласање за отворањето истрага во врска со злосторствата на ДЕАШ во Ирак, каде што таа терористичка организација контролираше околу 40 отсто од територијата пред да биде потисната од ирачките сили и од силите на коалицијата за борба против ДЕАШ.

„Правда е она што жртвата го сака, но правдата засекогаш ќе остане недостапна ако дозволиме доказите за злосторствата да исчезнат, ако масовните гробници не се заштитени, доколку медицинската документација биде изгубена, доколку сведоците не бидат достапни“, изјави Клуни.

Таа додаде дека е фрустрирана поради тоа што ништо не се случило откако пред шест месеци дошла во ОН барајќи правда за жртвите на ДЕАШ.

„Убивањето на припадниците на ДЕАШ на бојното боле не е доволно. Мораме да ја убиеме идејата што стои зад ДЕАШ, борејќи се против бруталноста, и да ги изведеме криминалците пред лицето на правдата“, рече Клуни.

Инаку, Амал Клуни ја застапува Надиа Мурад, Језуитка која ДЕАШ ја зароби во Ирак, во 2014 година. Мурад од пуштањето на слобода јавно зборува за тортурата и за силувањето низ кое поминала, и како за време на заробеништвото се молела да умре.

Мурад е прогласена за амбасадорка на добрата волја на канцелартијата на ОН за борба против дрогата и криминалот и за дигнитетот на преживеаните од трговијата со луѓе. На состанокот таа изјави дека жртвите трпеливо чекале повеќе од една година да започне истрагата за злосторствата на ДЕАШ, за да бидат во можност барем да ги погребат мртвите.

„Зошто е потребно толку време? Не можам да разберам зошто дозволувате ДЕАШ да се извлече или што уште ви е потребно да слушнете пред да преземете нешто“, изјави Мурад и упати молба до ирачката власт и до ОН да започнат истрага и да им ја дадат на сите жртви на ДЕАШ правдата што ја заслужуваат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın