Ал Садр: „Американско-иранската војна ќе биде крај за Ирак“
„Јас сум против вовлекување на Ирак во оваа војна и во негово претворање во место на иранско-американскиот судир“
БАГДАД (АА) - Ирачкиот шиитски свештеник Муктада ал Садр предупреди на вовлекувањето на Ирак во каков било можен воен конфликт меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Војната меѓу Иран и САД ќе биде крај за Ирак“, напиша Ал Садр на социјалната мрежа Твитер.
„Која било страна што би го вовлекла Ирак во војна и што би го претворила во место на конфликт ќе биде непријател за ирачкиот народ“, изјави тој, повторувајќи го своето противење на каква било воена конфронтација меѓу Техеран и Вашингтон.
„Јас сум против вовлекување на Ирак во оваа војна и во негово претворање во место на иранско-американскиот судир“, изјави тој.
Во текот на изминатите неколку дена, тензиите меѓу Вашингтон и Техеран се зголемија така што САД испратија носач на авиони и ескадрила на бомбардери на Блискиот Исток.
Минатата недела „Њујорк тајмс“ цитираше разузнавачки информации дека Иран неодамна распоредил воени бродови - вооружени со ракетни лансери - во Заливот, зголемувајќи ги стравувањата за можен конфликт.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера му порача на Иран да не им се закнува на САД, велејќи дека тоа ќе биде официјален крај на Техеран.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
