свет

Азовстал – последното упориште на украинскиот отпор во Мариупол не се предава

- Руските сили во текот на неделата презедоа речиси целосна контрола над стратешки важниот пристаништен град во југоисточниот дел на Украина.

Alma Dekovic  | 23.04.2022 - Обновена : 25.04.2022
Азовстал – последното упориште на украинскиот отпор во Мариупол не се предава Фото: Лион Клајн / АА

МАРИУПОЛ (АА) - Последното упориште на украинскиот отпор во Мариупол, челичарницата Азовстал, продолжува со својот отпор пред руските сили кои во текот на изминатата недела презедоа речиси целосна контрола над стратешки важниот пристаништен град во југоисточниот дел на Украина, известува Агенција Анадолија (АА).

Во средата командантот на украинските маринци, Сергиј Волина, изјави дека нема да се предадат, но побара меѓународна помош за 500 ранети војници и стотици жени и деца кои се кријат со нив во челичарницата.

Портпаролот на руската Војска, Игор Конашенков, во петокот изјави дека Москва го известила Киев за наредбата за евакуација на цивилите од фабриката Азовстал во Мариупол.

Конашенков рече дека ситуацијата во Мариупол е нормализирана, дека жителите би можеле мирно да се движат по улиците и дека е пружена хуманитарна помош во градот.

Тој напомена дека припадниците на баталјонот Азов и странските платеници од Европската Унија и САД и понатаму се опколени во Азовстал.

Експертите сметаат дека војната во Украина, што Русија ја започна на 24 февруари, нема да заврши наскоро, откако руските сили ја презедоа целосно контролата над стратешки важниот јужен пристаништен град Мариупол.

Мехмет Сејфеттин Ерол, директорот на истражувачкиот центар „Центар за кризни и политички студии во Анкара (ANKASAM), за АА изјави дека падот на Мариупол нема да го елиминира украинскиот отпор и истакна дека администрацијата во Киев најавила можна офанзива.

Овој експерт смета дека Москва сега би можела да се сврти кон преговорите откако ги постигна поставените цели во источна Украина, особено откако го обезбеди Мариупол, додека Украина би можела да преземе похрабри чекори во одбрана на својот територијален интегритет и суверенитет, а тоа би можело да ја продолжи војната.

Владимир Зеленски, претседателот на Украина, во петокот изјави дека меѓу војниците скриени во челичарницата Азовстал има и стотици ранети, додека околу 120.000 цивили се блокирани во градот. Високи официјални лица на Европската Унија ја повикаа Русија да обезбеди отворање на коридор за евакуација на цивилите.

Најмалку 2.435 цивили се убиени, а 2.946 се ранети во Украина од почетокот на војната, проценуваат Обединетите нации, но се стравува дека реалниот број на загинати е многу поголем. Повеќе од 5 милиони Украинци избегаа во други земји, а над 7 милиони се интерно раселени, соопшти Агенцијата на ОН за бегалци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın