свет

АА ги повика европските новински агенции да покажат чувствителност за хуманитарната драма во Сирија

Anadolu Agency (AA) упати повик до уредниците на европските новински агенции да бидат почувствителни за хуманитарната драма во Сирија

Şerife Çetin  | 20.09.2019 - Обновена : 22.09.2019
АА ги повика европските новински агенции да покажат чувствителност за хуманитарната драма во Сирија

ПРАГА (АА) - Anadolu Agency (AA), упати повик до уредниците на европските новински агенции да бидат почувствителни за хуманитарната драма во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Заменик генералниот директор и главен уредник на АА, Метин Мутаноглу, во својот говор на Генералното собрание на Европското здружение на новински агенции (EANA) во Прага, Чешка, рече дека режимските сили во последниот период интензивно го бомбардираат градот Идлиб во Сирија и дека е на повидок нов бран на миграција. 

Мутаноглу истакнувајќи дека десетици илјади лица ги напуштиле своите домови поради нападите на сирискиот режим рече дека европските медиуми не се заинтересирани за темата.

Тој исто така потсетувајќи дека драмата во Сирија не треба да ја интересира само Турција туку и Европа, рече дека EANA има голема задача за да трагедијата во Сирија се пренесе во европската јавноста. 

- Повик до EANA кризата во Сирија да ја пренесе во светската агенда

Мутаноглу истакна дека доколку меѓународната заедница не покаже чувствителност приливот на бегалци што ќе се случи ќе влијае и врз Турција и врз цела Европа.

Тој исто така упати повик до EANA да покаже повеќе напори за да кризата во Сирија се пренесе во светската агенда.

Потсетувајќи дека организирале патување во Сирија со уредниците на сите јазици на кои АА емитува вести (АА емитува вести на 13 различни јазици) рече дека при таа посета новинарите имале можност да ја видат драмата во Сирија одблизу.

- Презентирана обуката на АА за воено новинарство

Мутаноглу, од друга страна, на земјите-членки им даде информации за програмата за обука на воените репортери на АА.

Заменик-генералниот директор и главниот уредник на АА истакна дека новинарите од целиот свет добиле обука од професионалци за тоа како да се делува во воени средини и дека можат да им обезбедат обука на воените репортери на членките на EANA.

- Генерално собрание и конференција на EANA

Генералното собрание и конференцијата на ЕАНА се одржа во Прага.

Од Anadolu Agency (AA) на конференцијата учествуваат Метин Мутаноглу, главен уредник и помошник генерален директор, и еден од основачите на Европската организација на новински агенции (EANA) и уредник на европските вести, Јусуф Каја.

Учесниците на конференциите со наслови „Методи за спроведување на вештачка интелигенција на членовите на EANA“ и „Перспективи на вештачката интелигенција за иднината на новинските агенции“ разменија мислења за тоа какви закани и можности може да понуди вештачката интелигенција за новинските агенции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.