Турција, политика

Шефот на дипломатијата на Турција, Фидан, се сретна со својот македонски колега Муцунски

„Двајцата министри го потврдија и силното сојузништво во рамките на НАТО, како и меѓусебната поддршка во регионалните иницијативи и мултилатералните организации“

Elena Trenchevska Chekovic  | 23.01.2026 - Обновена : 23.01.2026
Шефот на дипломатијата на Турција, Фидан, се сретна со својот македонски колега Муцунски Фото: Murat Gök/AA

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, на маргините на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој денес се одржува во Истанбул, беше примен од министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, пренесува Анадолу.

Фокусот на разговорите, според соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, е ставен на билатералните односи, економската соработка, инвестициските можности и продлабочувањето на соработката во области од заемен интерес.

Во тој контекст биле потврдени и одличните политички односи меѓу двете држави и исклучително успешната соработка во повеќе области, а посебен акцент е ставен на зајакнувањето на економската соработка и поефикасното искористување на инвестициските можности, како и на продлабочувањето на соработката во други области од заемен интерес.

„Двајцата министри го потврдија и силното сојузништво во рамките на НАТО, како и меѓусебната поддршка во регионалните иницијативи и мултилатералните организации“, се додава во соопштението.

На разговорите опфатени биле и актуелни регионални и геополитички прашања, при што била нагласена важноста од стабилен и просперитетен регион.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.