политика

Државната изборна комисија на Северна Македонија ги утврди првичните официјални резултати од гласањето

Во вториот круг, кој треба да се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори, ќе се соочат Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски

Abdula Berisha  | 26.04.2024 - Обновена : 27.04.2024
Државната изборна комисија на Северна Македонија ги утврди првичните официјални резултати од гласањето Фото: Abdula Berisha/AA

СКОПЈЕ (АА) – Државната изборна комисија (ДИК) на Северна Македонија на 98-та седница ги утврди првичните официјални резултати од првиот круг на претседателските избори што се одржаа вчера, јавува Анадолу.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, рече дека овие резултати се однесуваат на оригиналните записници за сумирање и утврдување на резултатите од Општинските изборни комисии.

Тој истакна дека од запишаните 1.814.317 избирачи, согласно заклучениот избирачки список гласале 905.971 граѓани, односно 49,93 отсто, додавајќи дека вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња изнесува 24.562.

„Според пресметаните и утврдени резултати од гласањето спроведено на 24.04.2024 година, Државната изборна комисија утврди дека вкупниот број на гласови што го добила секоја листа на кандидат за претседател на Република (Северна) Македонија изнесува: Стево Пендаровски 180.500 гласачи, или 19,92 отсто од вкупниот број; Гордана Силјановска Давкова 363.086 гласови, или 40,08 отсто од гласовите; Стевчо Јакимовски 8.121 или 0,9 отсто од гласовите; Бујар Османи 121.088, 13,37 отсто од гласовите; Билјана Ванковска Цветковска 41.331 глас, или 4,56 отсто од вкупниот број на гласови, Арбен Таравари 83.393 или 9,2 отсто и Максим Димитриевски 83.856 или 9,26 отсто“, рече Даштевски.

Со ова, седмиот претседател на Северна Македонија ќе биде избран во вториот круг бидејќи ниту еден кандидат не успеа да освои над 50 отсто од гласовите од сите запишани гласачи.

Значи, во вториот круг, кој треба да се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори, ќе се соочат Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.

Тој истакна дека на 3 избирачи места имало прекин на гласањето повеќе од 3 часа, со што ДИК донесе решение за поништување на гласањето во овие три избирачки места.

Но, како што објасни Даштевски, со оглед на тоа што вкупниот број на запишани гласачи во овие избирачки места нема влијание врз вкупните резултати, гласањето нема да се повтори.

„Подносителите на листи за кандидати имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката на гласање во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето и приговори за постапката на сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по објавување на првичните резултати“, рече Даштевски.

Тој појасни дека ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот на приговорот да донесе одлука, против која подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.