политика

Генералниот секретар на НАТО ја именува Радмила Шекеринска за заменик-секретар на Алијансата

„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар...“

Abdula Berisha  | 19.11.2024 - Обновена : 20.11.2024
Генералниот секретар на НАТО ја именува Радмила Шекеринска за заменик-секретар на Алијансата Фото: АА/Архива

СКОПЈЕ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска, поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија, за следен заменик-генерален секретар, пренесува Анадолу.

„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик-генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае колку работа е потребна за зачленување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога“, истакна генералниот секретар Руте, цитиран во објавата на официјалната веб-страница на НАТО.

Во својата политичка кариера во Северна Македонија, Шекеринска претходно беше вицепремиерка за европски интеграции и министерка за одбрана на Северна Македонија, вклучително и во периодот кога земјата стана членка на НАТО-алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе својата функција подоцна оваа година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.