Операција Извор на мирот

Турските сили започнаа копнена операција во источниот дел на Еуфрат

„Турските вооружени сили и Националната војска на Сирија во рамки на операцијата „Извор на Мирот“ започнаа копнена операција во источниот дел на Еуфрат“, се вели во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција објавено на Твитер

Yıldız Aktaş  | 09.10.2019 - Обновена : 10.10.2019
Турските сили започнаа копнена операција во источниот дел на Еуфрат

АНКАРА (АА) - Турските сили во рамки на операцијата „Извор на мирот“ започнаа копнена операција во источниот дел на Еуфрат, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Турските вооружени сили и Националната војска на Сирија во рамки на операцијата „Извор на Мирот“ започнаа копнена операција во источниот дел на Еуфрат“, се вели во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција објавено на Твитер.

Вооружените сили на Турција и Сириската национална војска, во среда, на 9 октомври, ја покренаа операцијата „Извор на мирот" чија цел е воспоставување на мирот и безбедноста во регионот и уништување на терористичкиот коридор кој терористите намеруват да го воспостават јужно од границата со Турција.

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека терористите се единствена цел во рамките на операцијата „Извор на мирот".

Се наведува дека операцијата се спроведува во согласност со нормите на меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации кои се однесуваат на борбата против тероризмот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.