На Западниот Брег наставата започна во сенка на Ковид-19
Во Палестина има околу 1.350.000 ученици. Од нив, 743.953 живеат на Западниот Брег и 597.838 во Газа

РАМАЛА (АА) - На окупираниот Западен Брег, новата учебна година постепено започна во сенка на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
На Западниот Брег, учениците од прво, второ, трето и четврто одделение започнаа со настава на училиште. За учениците од петто, шесто, седмо, осмо, деветто, десетто и единаесетто одделение се предвидува новата учебна година да ја започнат по две недели.
Учениците од 12-то одделение, последна година од средното училиште, со настава на училиште започнаа пред еден месец. Учениците се поделени на две групи, едните посетуваат настава во недела, вторник и четврток; другите во понеделник и среда.
Во Појасот Газа, кој се наоѓа под блокада, новата учебна година не можеше да започне поради високиот пораст на бројот на случаи со Ковид-19.
Во Палестина има околу 1.350.000 ученици. Од нив, 743.953 живеат на Западниот Брег и 597.838 во Газа.
На Западниот Брег и Појасот Газа основното образование е 6 години. Во средните училишта и гимназијата наставата е 3 години.
Палестинската Влада на 4 септември донесе одлука за продолжување на периодот за вонредна состојба за уште 30 дена.
Од друга страна, палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека во последните 24 часа дека се откриени 162 нови случаја со Ковид-19.
Во писмената изјава дадена од Министерството за здравство се наведува дека вкупниот број на случаи од март достигнала 969.
Од појавата на епидемијата досега оздравени се 89 лица, а починаа 7 лица.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.