наука и технологија

„Хуавеј“ произведува телефон на секои 28,5 секунди

- „Хуавеј“ ги отвори вратите на својот кампус на езерото Сонгшан за претставниците на медиумите.

Sefa Şengül   | 20.04.2019
„Хуавеј“ произведува телефон на секои 28,5 секунди

ШЕНЏЕН (АА) - Сефа ШЕНЃУЛ

Технолошкиот гигант „Хуавеј“ (Huawei) во својот кампус за производство во кинескиот град Шенџен, на секои 28,5 секунди произведува еден смарт-телефон, пишува Anadolu Agency (AA).

Хуавеј ги отвори вратите на својот кампус во езерото Сонгшан за претставниците на медиумите.

Според информациите до кои дојде новинарот на АА од претставниците на компанијата, благодарение на унапредувањето на производствените ленти, во голема мерка е зголемена ефикасноста и брзината на производството на смарт-телефоните.

На 8,2 километри од кинескиот град Шенџен се наоѓа производствениот кампус на „Хуавеј“, каде што на секои 28,5 секунди се произведува еден смарт-телефон.

Во кампусот, покрај производствениот дел, се наоѓа и лабораторија во која се вршат различни тестирања, како што се намалување на тежината на уредите, заштита од корозија, спроводливост и издржливост.

Кампусот е четирипати поголем од Монако и составен е од повеќе сектори.

Засега, во кампусот кој се состои од четири основни делови, завршени се два. Во „Хуавеј“ на светско ниво работат 18.000 вработени, од кои во кампусот, кој е отворен во 2018 година, работат околу 10.000 лица.


- „Имаме повеќе од 240 сертификати на полето на кибербезбедноста“

Директорот на Одделот за кибербезбедност на „Хуавеј“, Ванг Јин, по прошетката низ кампусот ги информираше новинарите дека компанијата поседува 240 сертификати на полето на кибербезбедноста.

Ванг рече дека приоритет во кибербезбедноста е определување на систематските ризици и заштитата на приватноста, подвлекувајќи дека системите на „Хуавеј“ се целосно хардверски заштитени од негативни последици.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.