„Сушењето на реките би имало деструктивни ефекти врз човештвото и животната средина“
„Реките го поддржуваат биодиверзитетот и екосистемите, обезбедуваат вода за пиење и земјоделство и играат важна улога во обликување на човековата историја, култура и општество“

ИСТАНБУЛ (АА) - Доколку дојде до сушење на реките, ќе се појават деструктивни последици за човештвото и животната средина, бидејќи реките го поддржуваат биодиверзитетот и екосистемот.
„Реките го поддржуваат биодиверзитетот и екосистемите, обезбедуваат вода за пиење и земјоделство и играат важна улога во обликување на човековата историја, култура и општество“, изјави за Anadolu Agency (AA) Карла Литлџон, генерален директор на Меѓународната фондација за реки (IRF).
Говорејќи по повод Светскиот ден на реките, кој годишно се одбележува во четвртата недела на септември, Литлџон изјави дека водата е значајна за животот, и на луѓето им се потребни здрави реки, како и езера и мочуришта за еден одржлив свет.
„Реките кои се сушат би имале деструктивни ефекти врз луѓето и животната средина, вклучувајќи намален пристап до пивка вода, недостаток на вода за земјоделството, губење на коридорите на речниот транспорт, губење на водното живеалиште за рибите и другите организми меѓу другoто“, истакна таа.
Литлџон вели дека реките, како и мочуриштата и езерата, се циркулаторниот систем на Земјата.
Осврнувајќи се на заканите со кои реките се соочуваат, таа нагласи дека реките, коишто се извор на вода, се подложни на ризик поради екстремните временски услови што се јавуваат како последица на климатските промени, а тоа се суша, поплави и бури.
„Со зголемувањето на глобалната популација и заканите како што се индустријализацијата и климатските промени, треба да преземеме целосен системски пристап кон управувањето со нашите водни ресурси“, рече таа.
„Треба да работиме заедно за да обезбедиме соодветно снабдување со вода за да го одржиме нашето идно општество и животна средина“, нагласи Литлџон, додавајќи дека безбедноста на водата, исто така, придонесува за пад на сиромаштијата.
Споменувајќи ја работата на Меѓународната фондација за реки, која исто така е покровител на Светскиот ден на реките, Литлџон рече дека тие градат лидерство и силни мрежи за заштита, одржливо управување и одржливост на реките во светот.
- „Загадувањето е тивка и широко распространета закана“ -
„Загадувањето како последица на лошо одржување на санитацијата, земјоделството и индустријата е широко распространето, претставува тивка закана [за реките] со која допрво треба да се справиме“, изјави Емили Притчард, официјален претставник на непрофитната британска организација „WaterAid“.
Споменувајќи ја важноста на квалитетот на водата што се појавува како нов аспект во напорите за осигурување на безбедноста на водата, Притчард рече дека во однос на другите проблеми со водата, проблемот со загадувањето добива многу помалку внимание и затоа треба да дополнително да се зголеми свеста за неговите влијанија врз здравјето и заштитата на водните ресурси, како што се реките.
Цитирајќи го извештајот на УНИЦЕФ и СЗО, објавен во јуни 2019 година, таа посочи: „1,4 милијарди луѓе имаат пристап до основни услуги за водоснабдување [...] 435 милиони луѓе користеле неподобрени услуги за водоснабдување. Тоа значи дека ја добиваат водата за пиење од незаштитено ископан бунар или незаштитен извор“.
Таа додаде дека околу 785 милиони луѓе сè уште немаат пристап до основни услови за водоснабдување низ целиот свет.
Од почетокот на 2005 година, Светскиот ден на реките ги истакнува многуте вредности на реките и се стреми да ја зголеми јавната свест и се надеваме дека ќе го охрабри подоброто управување со реките низ целиот свет.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.