свет, наука и технологија

Хуманоиден робот излезе од контрола при тестирање

- Инцидентот повторно ја отвори јавната расправа за безбедноста на хуманоидните системи управувани од вештачка интелигенција, при што дел од експертите повикаа на построга контрола и пообемни тестирачки протоколи

Aida Cako  | 12.08.2025 - Обновена : 13.08.2025
Хуманоиден робот излезе од контрола при тестирање

СКОПЈЕ (АА) - Хуманоиден робот со вештачка интелигенција по име „Дерек“, во сопственост на компанијата РекТВ со седиште во Калифорнија, САД, излезе од контрола за време на тестирањето во специјализиран погон, јавува Анадолу.

На видеоснимката се гледа како роботот прави ненадејни и непредвидливи движења, предизвикувајќи вознемиреност кај присутните набљудувачи.

Развивачите, кои го опишуваат роботот како „хуманоидно момче“, веднаш интервенирале за да ја прекинат неговата активност.

Инцидентот повторно ја отвори јавната расправа за безбедноста на хуманоидните системи управувани од вештачка интелигенција, при што дел од експертите повикаа на построга контрола и пообемни тестирачки протоколи.

Не се пријавени повредени лица или материјална штета.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.