Студија: Постојните лекови нудат нова надеж во борбата против деменција
- Студијата анализираше податоци од 14 големи испитувања во кои биле вклучени над 130 милиони луѓе, од кои еден милион случаи со деменција

АНКАРА (АА) - Пренамената на постојните лекови, како антибиотиците, антивирусните лекови и вакцините, може да понуди ветувачка стратегија за борба против деменција, покажува новото истражување предводено од Универзитетот Кембриџ и Универзитетот Ексетер, јавува Анадолу.
Студијата анализираше податоци од 14 големи испитувања во кои биле вклучени над 130 милиони луѓе, од кои еден милион случаи со деменција, според „Гардијан“.
Истражувачите идентификуваа неколку лекови што може да влијаат врз ризикот од деменција, иако доказите не биле секогаш конзистентни.
Сепак, студијата откри ветувачка поврзаност меѓу одредени лекови и намалниот ризик од деменција.
Забележително откритие е дека антибиотиците, антивирусните лекови и вакцините се поврзани со намален ризик од деменција, давајќи поддршка на теориите дека инфекциите може да играат улога во активирањето на некои случаи на болеста.
Антиинфламаторните лекови, како што е ибупрофен, исто така, беа во центарот на вниманието поради нивните потенцијални заштитни својства бидејќи воспалението сѐ повеќе се препознава како фактор што придонесува за многу болести.
Бен Андервуд од Универзитетот Кембриџ ја нагласи итноста за наоѓање ефективно третирање на болеста, велејќи: „Ако можеме да ги пренамениме веќе лиценцираните лекови, можеби ќе можеме да ги направиме достапни за пациентите многу побрзо отколку да развиваме сосема нови лекови.“
Иако овие наоди се охрабрувачки, експертите нагласуваат дека се потребни дополнителни клинички испитувања за да се потврдат резултатите.
Џулија Дадли од „Alzheimer's Research UK“ истакна дека е премногу рано да се препорачаат овие лекови за превенција од деменција.
Ричард Оукли од Здружението за Алцхајмерова болест рече: „Овој пристап може да заштеди милиони и драстично да го намали времето потребно за развој на ефикасни третмани за деменција.“
Студијата, објавена во „Алцхајмер и деменција: Транслациски истражувања и клинички интервенции“, обезбедува важна основа за истражување на потенцијалот на пренамената на лековите во третирањето на деменцијата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.