наука и технологија

Проблемите со спиењето може да го зголемат ризикот од срцев и мозочен удар

Истражувањето откри дека постои 18 отсто поголем ризик од срцев или мозочен удар кај лицата кои имаат проблеми со спиењето, во споредба со тие кои немаат проблеми со спиењето

Emel Öz Gözellik   | 08.11.2019
Проблемите со спиењето може да го зголемат ризикот од срцев и мозочен удар

АНКАРА (АА) - Откриено е дека проблемите со спиењето може да го зголемат ризикот од срцев и мозочен удар, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на интернет-страницата „Science Daily“, во Кина е извршено испитување со 487.200 лица со просечна возраст од 51 година, кои претходно немале болести со срцето и мозочен удар.

Во рамки на истражувањето кое траело 10 години, на учесниците им биле поставени прашања за различни проблеми во врска со фокусирањето во текот на денот поради тешкотии при заспивање, рано будење или несоница.

Единаесет отсто од учесниците нагласиле дека имале проблеми со фокусирањето во текот на денот како резултат на проблеми при заспивање, 10 од нив поради рано будење и 2 отсто од учесниците нагласиле дека имале проблеми со фокусирањето во текот на денот поради несоница.

Со ова истражување е откриено дека постои 18 отсто поголем ризик од срцев или мозочен удар кај лицата кои имаат проблеми со спиењето, во споредба со тие кои немаат проблеми со спиењето.

Д-р Лиминг Ли од тимот на истражувачите истакна дека бројката на лицата кои имаат срцев или мозочен удар, или слични болести, може да се намали преку спроведување методи за бихејвиорална терапија кај лицата кои имаат проблеми со спиењето.

Резултатите од ова истражување се објавени во списанието „Neurology“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın