наука и технологија

Испитувањата покажуваат дека вакцината од „Оксфорд“ би можела да пружи двојна заштита од Ковид-19

- Доколку сѐ помине добро, вакцината против Ковид-19 би можела да биде готова во октомври, сметаат научниците

Ahmet Gürhan Kartal   | 16.07.2020
Испитувањата покажуваат дека вакцината од „Оксфорд“ би можела да пружи двојна заштита од Ковид-19

ЛОНДОН

Испитувањата на вакцината против Ковид-19 кај доброволци на Универзитетот „Оксфорд“ покажаа позитивни резултати и би можеле да бидат завршени веќе во октомври доколку сѐ биде како што треба, тврдат научниците кои работат на тоа, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оксфордските научници веруваат дека постигнале напредок во потрагата по вакцина против Ковид-19. Испитувањата кај луѓето покажале ветувачки резултати. Тимот откри дека вакцината би можела да пружи двојна заштита против вирусот.

Според извештајот, првите испитувања на оксфордската вакцина кај луѓето, во првата фаза покажале дека таа создава имунолошки одговор на болеста.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın