наука и технологија

Бебињата родени со царски рез се изложени на поголем ризик од хоспитализација поради инфекции

Во рамки на истражувањето е откриено дека 1,5 милиони деца пред 5-годишна возраст биле хоспитализирани поради инфекција

Sümeyye Dilara Dinçer  | 20.11.2020 - Обновена : 23.11.2020
Бебињата родени со царски рез се изложени на поголем ризик од хоспитализација поради инфекции

АНКАРА (АА) - Бебињата родени со царски рез се изложени на поголем ризик од хоспитализирање поради инфекции, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на интернет страницата „The Hippocratic Post“, експертите од Истражувачкиот институт за деца „Murdoch“ (MCRI) и Универзитетот „Аархус“ реализираа истражување во чии рамки се испитувани 7,2 милиони породувања во Австралија, Данска, Шкотска и Велика Британија, од кои 23 отсто со царски рез.

Во рамки на истражувањето е откриено дека 1,5 милиони деца пред 5-годишна возраст биле хоспитализирани поради инфекција.

14.000 од овие инфекции биле поврзани со царскиот рез кој бил задолжително извршен, додека 18.500 од нив биле поврзани со царски рез извршен по избор.

Професорот Ларс Педерсен, член на истражувачкиот тим, истакна дека причината за оваа поврзаност помеѓу породувањата со царски рез и хоспитализирањето поради инфекција можно е да е поради тоа што бебињата не се изложени на микроби, како што е случајот при нормалното породување.

Експертите нагласуваат дека покрај ризикот од инфекции во периодот на детството, породувањето со царски рез можно е да е најбезбедната метода за некои жени и бебиња.

Деталите од ова истражување се објавени во списанието „Plos Medicine“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.