„Вестите дека ЈПГ/ПКК е целосно повлечена од Мунбич се преувеличени“
„Подготовките за заедничка патрола се во тек. Затоа, вестите околу тоа дека ЈПГ/ПКК во оваа фаза е целосно повлечена од Мунбич не ја одразуваат вистината“, истакнаа извори од турското МНР

Ankara
АНКАРА (АА) - Извори од Министерството за надворешни работи на Турција велат дека вестите дека терористичката организација ЈПГ/ПКК е целосно повлечена од сириски Мунбич ги сметаат за преувеличени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Овие извори нагласија дека вестите околу оваа тема се преувеличени, и дека процесот во оваа насока е во тек.
Според нив, продолжува повлекувањето од контролните точки кои се наоѓаат на патролната рута.
„Подготовките за заедничка патрола се во тек. Затоа, вестите околу тоа дека ЈПГ/ПКК во оваа фаза е целосно повлечена од Мунбич не ја одразуваат вистината“, истакнаа извори од турското МНР.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.