политика

Законот за јазиците објавен во Службен весник на Република Македонија

Со објавување во Службен весник, Законот официјално стапува во сила, и со тоа албанскиот јазик станува втор официјален јазик во Република Македонија.

Besar Ademi  | 15.01.2019 - Обновена : 16.01.2019
Законот за јазиците објавен во Службен весник на Република Македонија

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Законот за употреба на јазиците е објавен во Службен весник на Република Македонија, според кој во сите државни органи, покрај македонскиот јазик и азбука, официјален јазик ќе биде и јазикот кој го зборуваат 20 отсто од граѓаните на земјата и азбуката, во случајот албанскиот јазик, пренесува Anadolu Agency (AA).

Со објавување во Службен весник, Законот официјално стапува во сила, и со тоа албанскиот јазик станува втор официјален јазик во Република Македонија.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, овој закон синоќа го достави до Службениот весник, без потписот на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.

Законот за употреба на јазиците во Собранието на Република Македонија беше ратификуван на 11 јануари 2018 година, но претседателот Иванов одби да го потпише, со образложение дека е противуставен. Законот повторно се врати на пленарна седница, и потоа, на 14 март, овој закон повторно беше изгласан во Собранието на Република Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın