Австралија влезе во Новата 2019 година
Милиони граѓани присуствуваа на новогодишните прослави во Австралија, која во Новата година влезе заедно со земјите од Пацификот, Кирибати, Самоа и Нов Зеланд

Melburn
МЕЛБУРН (АА) - Австралија е првиот континент кој влезе во Новата 2019 година, која беше дочекана со впечатлив огномет, јавува Anadolu Agency (AA).
Новогодишните прослави се организирани низ целата земја, пред сè во Сиднеј и Мелбурн, кои се едни од најголемите градови на овој континент. Австралијците во Новата година влегоа со десетици тони употребен огномет, како и со организирани разни настани.
Милиони граѓани присуствуваа на новогодишните прослави во Австралија, која во Новата година влезе заедно со земјите од Пацификот, Кирибати, Самоа и Нов Зеланд.
Во Мелбурн од 22 различни точки во рок од 10 минути испалени се 14 тони огномет.
За овие прослави потрошени се 3,4 милиони долари, а Владата на оваа сојузната држава Викторија заработила 8,6 милиони австралиски долари на овој ден.
Огнометите испалени од различни места во Сиднеј, пред сè од подрачјето на Сиднејската опера ги следеа над 1,6 милиони луѓе. Огнометите траеја десет минути, а за нив, локалните власти издвоиле околу 5,78 милиони долари, додека заработени се 133 милиони австралиски долари.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.