Традиционалниот 10-дневен спектакл „Калгари Стампид“ кон нов рекорд
- Фестивалот ‘Калгари Стампид’ е познат и како „Најголемиот спектакл на отворено во светот“

КАЛГАРИ (АА) – Традиционалниот 10-дневен фестивал во Калгари, Канада, и оваа година привлече милиони посетители од целиот свет, а организаторите изјавија дека оваа година очекуваат рекордна посетеност, известува Анадолу.
Фестивалот „Калгари Стампид“, познат и како „Најголемиот спектакл на отворено во светот“, се одржува секоја година во јули.
Во текот на фестивалот се организираат музички концерти, натпревар во родео, изложби, сценски изведби, парада, забавен парк и многу други активности.
На „Калгари Стампид“, кој привлекува милиони посетители од целиот свет, се слави западната култура и традиција.
Натпреварите во родео, трките со коњи, јавање бикови и други традиционални активности, привлекуваат особено внимание на фестивалот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.