Во Шпанија се одржа традиционалниот фестивал на диви коњи „Ла Рапа дас Бестас“
На фестивалот, млади луѓе од Сабуседо и околината, провинцијата Понтеведра, во Галиција, се упатуваат кон планините во зори. Нивната цел е да пронајдат диви коњи што живеат во областа...

СКОПЈЕ (АА) - Стотици локални жители и посетители денес го следеа традиционалниот фестивал на диви коњи „Ла Рапа дас Бестас“ во северозападна Шпанија, јавува Анадолу.
Фестивалот се одржува во селото Сабуседо, кое се наоѓа во околината на градот Понтеведре.
На фестивалот, млади луѓе од Сабуседо и околината, провинцијата Понтеведра, во Галиција, се упатуваат кон планините во зори. Нивната цел е да пронајдат диви коњи што живеат во областа, да ги однесат во селото и да им ги исечат гривите. Кога ќе падне ноќта, сите се собираат за да уживаат во храната и музиката.
Церемонијалниот процес на стрижење на гривата е наречен „Curro“, и го изведуваат двајца „алоитадори“ (млади момчиња кои го вршат стрижењето). Тоа е проследено со сложени маневри на држење на животното во вистинска борба тело на тело.
Фестивалот, кој датира од 15. век, се одржува секоја година првата недела од месец јули во селото Сабуседо. Секоја година собира сѐ поголем број локални и странски туристи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.