Şenhan Bolelli
15 Март 2020•Ажурирај: 16 Март 2020
МАДРИД (АА) - Бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Шпанија, каде што е прогласена вонредна состојба, се искачи на 288 лица, а на откриени случаи, на 7.753, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство на оваа земја, ова е најголемиот раст соопштен досега врз основа на дневни податоци во врска со Ковид-19 во Шпанија.
Се вели дека во последните 24 часа починале 96 лица, со што вкупната бројка починати се искачи на 288 лица.
Бројот на откриени случаи, со раст од над 1.600, се зголеми на 7.753.
Од вкупно починатите, 213 се во Мадрид, каде што 3.544 лица се позитивни на Ковид-19.
Во земјата е дозволено да работат само аптеките, маркетите, фризерските и салоните за хемиско чистење.
Населението на улица може да излезе само за да оди на работа, да пазарува во маркет, да подигне пари од банка, да оди во аптека или болница и да ги прошета кучињата.