култура и уметност

Почина познатата пејачка и хуманитарка Есма Реџепова

По кратко и тешко боледување утрово на 73-годишна возраст почина познатата македонска пејачка и хуманитарка Есма Реџепова Теодосиевска

Admir Fazlagic  | 11.12.2016 - Обновена : 12.12.2016
Почина познатата пејачка и хуманитарка Есма Реџепова

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - По кратко и тешко боледување утрово на 73-годишна возраст почина познатата македонска пејачка и хуманитарка Есма Реџепова Теодосиевска, јавува Anadolu Agency (AA).

Есма Реџепова беше нарекувана кралица на ромската музика во светски рамки, примадона на европското пеење и македонски музички амбасадор во светот. Во 2013 година ја доби и престижната титула национален уметник на Република Македонија.

Во својот живот има одгледано 47 деца и одржано голем број концерти и хуманитарни акции ширум светот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın