Поддршка во борбата против климатските промени: Сфингите и пирамидите во Гиза осветлени со зелена светлина
- Тие највпечатливи симболи на Гиза и на историјата на човештвото воопшто, синоќа се осветлени со зелена боја која ја симболизира еколошката идеја за заштита на човековата средина

Kahire
ГИЗА (АА) – Големата Сфинга во Гиза во Египет, како и пирамидите, синоќа беа осветлени со зелено светло во знак на поддршка на решавањето на прашањата на климатските промени на планетата и заштита на животната околина, јавува Anadolu Agency (АА).
Тие највпечатливи симболи на Гиза и на историјата на човештвото воопшто, синоќа се осветлени со зелена боја која ја симболизира еколошката идеја за заштита на човековата средина.
Зеленото осветлување на пирамидите во Гиза е поставено во знак на поддршка на преговорите на светските лидери кои се собраа во Париз за да ги договорат мерките за заштита на природата и борбата против климатските промени и глобалното затоплување на Земјата.
Конференцијата на Обединетите нации за климатските промени започна вчера во главниот град на Франција, а ќе траат до 11-ти декември. Лидери и функционери од 196 земји членки на ОН се собраа на едно место со цел постигнување договор за мерките за борба против глобалното загадување на атмосферата, која претставува закана за апокалипса на планетата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.