култура и уметност

Косовскиот филм „Кошница“ освои три главни награди на Филмскиот фестивал „Санденс“

„Кошница“ е филмска копродукција меѓу Косово, Швајцарија, Албанија и Северна Македонија

Zylfije Adem Jakupi  | 03.02.2021 - Обновена : 04.02.2021
Косовскиот филм „Кошница“ освои три главни награди на Филмскиот фестивал „Санденс“

ПРИШТИНА 

Филмот на косовската режисерка Блерта Башоли, „Кошница“, постигна историски успех на Филмскиот фестивал „Санденс“ во Америка (Sundance Film Festival), освојувајќи три главни награди, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Филмот „Кошница“ („Hive”) во кој глуми познатата косовска актерка Јилка Гаши, награден е со Големата награда на жирито, Награда на публиката и Награда за најдобра режија. Филмот зборува за жена по име Фахрије, која, откако го изгубила својот маж во војната, се бори повторно да го изгради својот живот и покрај сите потешкотии во патријархалното Косово.

Вршителката на должност министерка за надворешни работи и дијаспора на Косово, Мелиза Харадинај-Стубла, изјави дека успехот на филмот „Кошница“ е едно од најголемите меѓународни достигнувања на косовската култура и филм.

„Кошница е вистина за Косово, трогателна приказна за жени од Велика Круша, кои своите животи ги обновија над болката. Оваа вистинска приказна за геноцидот на Србија извршен во Косово треба светот да ја слушне и по 21 година да се потсети“, наведе министерката Харадинај-Стубла, се пренесува во соопштението на МИПД.

Косовската министерка се заблагодари на уметничката и културна заедница на Република Косово, која секогаш успева да го промовира Косово во светот, поголемиот дел од времето на сопствена иницијатива. „Посебно ѝ честитам на режисерката Блерта Башоли и на нејзиниот фантастичен тим на синоќешното достигнување“, наведе таа.

„Кошница“ е филмска копродукција меѓу Косово, Швајцарија, Албанија и Северна Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.